X
 30.04.2018 Живот

Оваа компанија на секој вработен му подарува 1.500 долари да ги троши на искуства

Милениумците имаат репутација како генерација што постојано ги менува работните места. Во 2016 година, анктеата на „Галуп“ покажа дека 21 отсто од милениумците велат дека го промениле работното место неколку пати во период од една година, а 60 отсто изјавиле дека се отворени за нови можности.

Како резултат на тоа, компаниите изведуваат креативни решенија за да ги задржат работниците, од обезбедување на подолг платен одмор за истражување на природата,  до тренинг за кариерата.

„Куалтрикс“, компанија чиј софтвер им овозможува на компаниите и истражувачите да собираат податоци, сега на своите работници со седиште во Прово, Јута, Сиетл, Вашингтон и во странство, им дава необична можност - 1.500 долари да ги потрошат на искуство што обично не би можеле да го имаат. Досега, дел од вработените пливале со ајкули во Галапагос, скијале на австриските Алпи, пешачеле по Големиот ѕид во Кина и им доставиле книги на децата на Филипините.

За да ја добијат оваа сума, работниците морале да бидат вработени најмалку една година, со полно работно време.

„Не ви кажуваме што да правите. Само сакаме да ви помогнеме да исполнете нешто од вашата животна листа“, вели Мајк Маугхан, главен на одделот за бренд во компанијата.

Голем број на работници денес поминуваат повеќе време од нивниот живот на работа. Милениумците работат повеќе часови, губат повеќе слободни денови и се пензионираат подоцна од претходните генерации. Исто така, тие заработуваат помалку пари од нивните родители кога биле на иста возраст.

Овие услови можат да резултираат со замореност, лош ангажман на работа или давање отказ што е причината за некои компании како „Фејсбук“, „Гугл“ и „Нетфликс“, да даваат подобри бенефиции. Според „Гласдор“, повеќе од половина (57 отсто) од работниците изјавиле дека бенефициите на работа се помеѓу најважните работи што ги земаат во предвид кога одлучуваат дали да ја прифатат работата. Речиси 90 отсто од младите вработени на возраст од 18 до 34 години велат дека повеќе преферираат нови или дополнителни придобивки во однос на покачување на платите.

Во прилог на бонусот за искуство, „Куалтрикс“ на своите вработени им нуди целосно платена здравствена заштита за нивните семејства, ручек за секој тим и опрема што се испорачува двапати годишно со најновата опрема на „Куалтрикс“.

„Мислам дека сме прилично свесни за трендовите со кои се поврзуваат милениумците. Примарниот мотиварот е тоа што ние навистина се грижиме за нашите вработени. Сакаме да се осигураме дека им нудиме можност што тие навистина ја сакаат“, вели Маугхан.

Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот