Фејсбук ја лансира новата опција која е наменета само за познатите кои се корисници на оваа социјална мрежа.
Станува збор за новата можност со која може директно да се емитува видео содржината.
Новата опција, чиешто име е „Live“ е дел од апликацијата „Facebook menssness“ која постои година дена, а која е наменета за познатите личности од спортот, музиката, забавата или политиката.
Видеата која директно се емитуваат на Фејсбук ќе бидат меѓу актуелностите на сите членови на Фејсбук кои ја следат познатата личност која ја споделува видео содржината.
Во текот на емитувањето, корисниците на оваа социјална мрежа ќе имаат можност да ја коментираат снимката, но и да ја споделуваат со нивните пријатели. После директното емитување, видео содржината ќе биде достапна на Фејсбук страната на познатата личност која ја објавила.
Со оваа опција, Фејсбук им дава можност на познатите личности да бидат во директен контакт со своите обожаватели.