X
 20.06.2024 Технологија

„Јутјуб“ им овозможува на гледачите да додадат контекст на содржината што ја гледаат

Борбата на „Јутјуб“ против дезинформациите продолжува, овој пат со „позајмување“ идеја од платформата „X“. „X“ од минатата година има активна програма наречена „Забелешки на заедницата“, која им овозможува на сите корисници да напишат белешка под објавата, а доколку добие доволно гласови како корисна, таа почнува да се прикажува на сите посетители. Така, под објавите може да се додаде контекст, напомена дека содржината е лажна, генерирана од вештачка интелигенција, погрешна, дека е пародија и слично.

Експеримент во САД

Вакво пишување белешки отсега ќе дозволува и „Јутјуб“, во програма наречена „Белешки“. Експерименталниот додаток на платформата започна со тестирање во САД и на англиски јазик, а неговата цел е иста како и на „X“ - да се даде дополнителен контекст на содржината. Гледачите и учесниците во експериментот, исто така, ќе можат да дадат повратни информации на „Јутјуб“ за самата програма, па врз основа на тоа ќе одлучат како да ја подобрат и евентуално да ја прошират со текот на времето.

Пишувањето белешки ќе биде овозможено само за мал број гледачи, оние кои имаат сопствен канал и добра репутација, односно не се „фатени“ во прекршување на правилата за користење на услугата. Под видеото ќе се појават напишани белешки, а учесниците во програмата ќе ги оценат како повеќе или помалку корисни. Кога белешката ќе добие доволно позитивни оценки, ќе им се прикаже на сите и ќе ги разјасни важните факти за содржината до неа.

Извор: bug.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија