X
 11.11.2015 Технологија

Технологии и технолошки опции кои бавно изумираат

Со постојаното развивање на технологијата, некои постари модели веќе започнуваат да изумираат и повеќе да не се користат. Овие технологии предизвикуваат се` повеќе проблеми отколку што олеснуваат, трошат премногу време и ја загрозуваат нашата „сајбер сигурност“.

 

1

 


1. Лозинки

Не само што се лесни за хакиранње, постојат други начини со кои можете да го осигурате пристапот на компјутерите или мобилниот телефон. ТОа веќе го гледаме со воведувањето на „логирање со отпечатоците на прстите“ како и со гласовното препознавање, а лозинките дефинитивно создадоа чувство на несигурност. Не е претерано да се каже дека секој кој малку подобро знае да „гугла“, тогаш тој би можел да хакне нечиј Фејсбук профил.

2. Adobe Flash

Зошто се`уште голем број страни ни бараат инсталирање на Adobe Flash Player за да погледнеме одредена содржина се`уште не знаеме, но знаеме дека е време повеќе да го нема бидејќи привлекува хакери и вируси.

3. Captch

Ова е иритантната проверка кога сакате некаде да се пријавите или регистрирате, која ве прашува дали сте човек или робот. Потоа мора да ги напишете симболите кои ги гледате на сликата, а често се случува симболите да го измамат човек, кој би требало да го заштита.

4. Е-mail

Дневно се испраќаат 190 милијарди меилови ширум светот. Иако меилот „спасуваше животи“ во 90-тите, кога не постоеја социјалните мрежи, денес тој е вистинска мамка за спамови, трошење време и хакирање податоци. Чатовите на социјалните мрежи како и видео разговорите би требало да бидат достојна замена за контактирање - и во приватниот и во професионалниот живот.

5. Autocorrect

Колку пати вашиот мобилен телефон ви ги поправал зборовите? Сигурно многу пати сте напишале и испратиле порака која нема смисла или пак пораката добива непријатна смисла.

6. Бескорисни апликации вградени во мобилниот телефон

Android како да не може да ги заштит сите апликации кои и онака ќе ги преземите на вашиот уред, па додава 10 апликации во самиот телефон - апликациите не се од никаква корист и ја трошат меморијата и батеријата на телефонот.

7. „Pop-up“ реклами

Тоа се оние реклами кои на сред читање на вести или текст ви излегуваат пред текстот и практично ве малтретираат да ги прочитате или исклучите. Најмногу нервира што најчесто кога ќе го притиснете знакчето „х“, завршувате на некоја кинеска страна.

8. Видео реклами кои не можете да ги прескокнете?

Нема никаква потреба од понатамошно објаснување.

9. Нотификации на мобилниот телефон

Денес не сте го оставиле телефонот бидејќи постојано ви пристигнуваат нотификации кои сте ги добиле на меил, Фејсбук, Твитер, Вибер итн.

10. Барање за оценување на апликации


Само сакате накратко да ѕирнете на Инстаграм, а тие вас ве прашуваат дали сакате да ја оцените апликацијата или пак да пополните кратка анкета на некоја веб страна. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија