X
 22.08.2019 Наука

Рускиот хуманоиден робот „Фјодор“ одлета во вселената

Рускиот хуманоиден робот „Фјодор“ првпат одлета во вселената. Ракетата-носач Сојуз-2.1а полета од космодромот Бајконур, во Казахстан, во 6:38 часот по московско време.

Пред своето полетување, „Фјодор“ извика: „Одиме! Одиме!“, повторувајќи ја познатата фраза на славниот руски астронаут Јуриј Гагарин.

За осум минути и 49 секунди, бродот излезе во Земјината орбита и се упати кон Меѓународната вселенска станица. Така тој официјално може да се нарече и астронаут.

Претходно тој „учеше“ и како да пука со пиштол.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука