X
 12.08.2015 Култура

Што треба да знаете доколку патувате во Италија?

Доколку планирате патување во Италија, бидете сигурни дека сте подготвени соодветно. Одбегнете ги честите туристички грешки кои може да ви донесат повеќе трошоци. Дали знаевте дека...?


Секое место во Италија има дуомо, односно црква или катедрала, за чиј влез потребно е да се покриени рамениците и колениците.

Внимавајте на паркирањето бидејќи казните за погрешно паркирање се големи. Најдобро е да се користи добро обележен паркинг со сина линија и да се плати на автоматот. Белите линии означуваат бесплатен паркинг, жолтите се за хендикепираните, а розевите за бремените жени.

Не сметајте целосно на сателитската навигација, бидејќи не е секогаш точна.

Поголемиот дел од продавниците работат двократно, до 12:00 и повторно од 16:30 часот.

Многу Италијанци воопшто не зборуваат англиски, а оние кои зборуваат може да не го познаваат добро.

Да видите сè во Рим за ден или два е невозможно бидејќи редиците пред големите туристички атракции како Ватикан и Колосеумот се огромни.

Возењето на гондола во Венеција е екстремно скапо (65 евра по човек).

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура