X
 06.02.2022 Живот

Италијанското село во кое никој не зборува италијански

Санкто Лучио де Кумбоскуро е изолирано италијанско село во секој поглед. Тоа се наоѓа во близина на границата со Франција, а за да се стигне дотаму, треба да се вози или да се патува со воз или автобус.

Оние што ќе успеат да стигнат можеби ќе се збунат во која земја се наоѓаат бидејќи локалните жители не зборуваат италијански јазик. Официјалниот јазик во селото е стар дијалект кој се зборува во регион во Франција.


Фото: Coumboscuro

Во селото живеат околу 30 луѓе, а најмногу од нив одгледуваат овци за да преживеат. Таму често нема електрична енергија со недели во зимските месеци, а интернет-врската е минимална, пишува Си-ен-ен во репортажа.

- Навикната сум да станувам в мугри за да се грижам за овците. Работам 365 дена годишно, нула празници. Не знам за Божиќ или Нова година бидејќи дури и за прославите, моето стадо треба да јаде и бара грижа - вели 25-годишната Агнес Гарон.

Гарон истовремено го води и единствениот хотел во селото.

Јазикот што се зборува со селото е загрозен од 2010 година, а селото е едно од неколку места во светот каде што тој се зборува.

Извор: CNN
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот