X
 13.08.2015 Култура

Што би значело за "Game of thrones" враќањето на Нед Старк?

Шон Бин зборуваше за враќањето на Нед Старк во „Game of thrones“ толку многу, што тоа конечно ќе се случи (веројатно).

 

spojler


Додека англискиот актер можеби нема да се врати во серијата (се`уште), голема е веројатноста фановите да го видат Нед Старк како дете во претстојната 6 сезона. Претходниот кастинг за новата сезона вклучуваше опис за ликот на едно младо момче со „северен“ акцент и зелени очи, за кое се шпекулираше дека би можел да е младиот Нед. Сега, фан страната „Watchers on the wall“ има нови информации дека 13 годишниот актер Себастијан Крофт наводно ја добил улогата.

Секако, сето ова е шпекулација, затоа што НВО не коментира за кастинзите на серијата. Но, тоа не не` спречува да предвидуваме што ова може да значи за 6 сезона.

Може да го сретнеме младиот Нед Старк во сеќавање од минатото

Во 5 сезона, продуцентите на серијата Ден Веис и Дејвид Бениоф „прекршија“ едно од нивните правила - со воведување на првото сеќавање во минатото со младата Серсеј. Возможно е претстојната сезона да вклучува и сеќавање од минатото, кога Нед Старк бил дете. Но, што ќе се случува?

 

ned


Новата сезона би можела да го раскаже растењето на Нед и Роберт Баратион. Информациите од кастингот откриваат дека на кастингот се барале две млади момчиња. Додека некои фаанови велат дека момчињата можеби се или младиот Брендон Старк или младиот Ходор, голема е веројатноста еден од нив да биде и Роберт Баратион.

Може да ги сретнеме Нед и неговата сестра Лиана како деца


Во „Танц со змејовите“, Брен има визија преку дрво во кое гледа како млада девојка и момче играат со дрвени стапчиња. Некои фанови шпекулираат дека тоа можеби се Лиана Старк со Бенџен Старк (вториот брат на Лиана). Бидејќи никој не знае каде е Бенџен, еден корисник на Реддит вели дека можеби бил заменет во визијата со младиот Нед. Со претставувањето на Лиана како дете, серијата исто така ќе овозможи контекст за шпекулираната Кула на радоста во која постариот Нед и` ветува на неговата сестра пред таа да умре. Ако серијата ја вклучи Кулата на радоста во новата сезона, тогаш може да дознаеме кои се вистинските родители на Џон Сноу. Се` е возможно, со оглед на тоа што во 6-та сезона се враќа Брен и неговите визии.

Но, како би можела да заврши серијата?

Бидејќи го знаеме Џорџ Р.Р.Мартин и неговиот нагон за убивање на ликови, тогаш може да се очекува најлошото.

Тој тврди дека нема да биде така и дека книгите и серијата ќе завршат во „горчливо-слатка“ нота инспирирана од „The Lord of the Rings“.

„Се`уште не го имам напишано крајот. Реков и претходно дека книгите ќе имаат „горчливо-сладок“ крај“, вели тој. „Не е тајна дека Толкин многу влијаеше врз мене и моето пишување и ми се допаѓа како заврши „The Lord of the Rings“ - завршува со победа, но горчливо слатка победа. Дали сето тоа ќе го постигнам, ќе проценат читателите“, додава тој. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура