X
 17.06.2022 Култура

Ејч-би-о подготвува серија за Џон Сноу од „Игра на тронови“

Светската телевизиска мрежа Ејч-би-о почна со работа на серија за Џон Сноу, поврзана со популарната „Игра на тронови“.

Според американските медиуми, Кит Херингтон ќе ја репризира улогата како синот на Нед Старк во новата серија. Серијата треба да продолжи онаму каде што застана приказната во „Игра на тронови“.



Во последната сезона од серијата Џон Сноу го откри неговото вистинско име и потекло, со што стана потенцијален наследник на престолот. Но наместо тоа, тој се врати во Ноќната стража како казна за убиството на Денерис Таргариен.

Ејч-би-о има дури седум проекти поврзани со серијата „Игра на тронови“. Дополнително, на 21 август треба да биде премиерата на серијата „Куќата на змејот“, која треба да ги следи настаните пред оние во „Игра на тронови“.


Извор: Cnet
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура