Научникот Маурисио Хојос Падила на неговиот профил на Фејсбук објави нови снимки од најголемата ајкула позната под името Дип Блу (Deep Blue).
Снимката ја прикажува оваа огромна ајкула која кружи околу кафезто во кој истражувачите се наоѓале додека околу неа пливаат еден куп мали риби.
Истражувачката група на Падилини која се занимава со нуркање на морското дно најави дека станува збор за најголемата ајкула некогаш видена и фатена на снимка - долга е 6 метри и стара 50 години.
Но, тоа не е се`. Истражувачите открија уште една радосна вест - Дип Блу е трудна. Тие дошле до овој заклучок бидејќи во последно време Дип Блу плива се` поблиску до брегот, што е карактеристика за ајкулите кога носат бебиња.
Оваа снимка е инаку втора по ред која ја прикажува Дип Блу, првата е објавена во јуни. Тогаш дошло до мала незгода бидејќи Дип Блу кружела околу кафезот од кој истражувачите ја набљудувале. Притоа толку се доближила што се повредила.
„
Рабовите од кафезот се шилести и еден од нашите истражувачи се обиде да ја турне Дип Блу, но таа е толку голема што дојде до повреда“, изјави Падила.
Во 2014 година на Discovery Channel е снимен и документарец во кој главната ѕвезда е Дип Блу.