X
 13.08.2020 Живот

Трамп се жали дека поради тушевите со слаб притисок не може убаво да си ја измие косата

Американската влада размислува да го промени стандардот за притисок во тушевите затоа што претседателот Доналд Трамп се жалел дека не може темелно да си ја измие косата.

Според закон од 1992 година, тушевите во Америка не можат да произведуваат повеќе од 9,5 литри вода во минута, но администрацијата на Трамп сака да го промени тоа и правилото да се однесува на секоја млазница, а не на целиот систем.

Групите што се залагаат за заштита и зачувување на природата велат дека тоа е непотребно трошење вода.

Измената на законот ја предложи Одделението за енергетика во средата поради жалбите на Трамп од минатиот месец.

- Значи тушевите - земате туш и не излегува вода. Сакате да измите раце, нема вода. Што ќе направите? Дали ќе стоите подолго или ќе се туширате подолго? Не знам за вас, но мојата коса мора да биде совршена. Совршена! - рече американскиот претседател.

Ендрју де Ласки, извршен директор на групата за зачувување на енергијата АСАП, вели дека предлогот е смешен.

- Со 4 или 5 млазници ќе имате 10, 15 галони (38 до 57 литри) вода во минута, буквално таа количина и притисок може да ве исфрлат од бањата. Ако на претседателот му е потребна помош да пронајде добар туш, можеме да го упатиме на одлични потрошувачки страници на интернет, каде што ќе најде совети како да препознае добар туш - истакна тој.

Дејвид Фрајдмен, потпретседател на организацијата „Конзјумер рипортс“, која се занимава со тестирање и истражување производи во корист на потрошувачите, истакна дека тушевите ги задоволуваат барањата на потрошувачите и им штедат пари.

Според некои известувања, предлогот би можел да стаса и до суд доколку направи напредок.

Извор: Би-би-си на српски
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот