X
 22.08.2016 Здравје

Колку вода треба да пиеме за правилно функционирање на мозокот?

Често слушаме дека треба да пиеме осум чаши вода дневно, урината да нема темно-жолта боја и да не претеруваме со кофеински напитоци затоа што го дехидрираат организмот. Но, од аспект на наука, овој проблем не е многу истражуван. Дури се сметало дека ако не практикуваме некоја пролонгирана активност или телото нема поголема температура, нивото на течности во телото би било во нормалните граници.



Сепак, најнови истражувања покажуваат дека дури и најмал степен на дехидрација влијае на нормалното функционирање на мозокот. Некои претходни студии покажале дека и губиток на вода од 2% од телесната тежина, има влијание на меморијата, вниманието (концентрацијата) и расположението. Ова обично се поврзувало со периоди на зголемена физичка активност, а не и на секојдневното хидрирање на телото и организмот.

Нашето тело во 2/3 се состои од вода. Таа е од суштинска важност за сите функции на организмот вклучително извор на кислород, исфрлање на отпадни материи и регулирање на телесната температура. Губитокот на вода има негативни ефекти дури и кога е во помали количини и кога не сме практикувале понапорна физичка активност.

Направено е истражување со здрави возрасни кои престојувале во средина со постојани 30 °C. За време на истражувањето на учесниците им се мерела телесната температура на интервали од 5 секунди. По тие четири часа бил направен тест за меморија: потребно било учесниците да запомнат листа со зборови откако ја слушнале. Студијата покажала дека оние што чувствувале жед, а притоа било измерено дека имаат 0,72% губиток на телесна маса, биле и помалку енергични и поанксиозни, а оние што консумирале вода за време на експериментот полесно го решиле тестот. Ова докажува дека и помало ниво на дехидрација има негативен ефект врз мозокот.

Други истражувања покажале дека кога деца пиеле вода за време на часови имале подобра меморија и минувале повеќе време на училишните задачи. Кај возрасните е особено препорачливо да се пие вода затоа што бубрезите стануваат помалку ефикасни со тек на време.


Создадете си навики редовно да пиете вода и не чекајте да почувствувате жед за да ја осигурате нормалната функција на мозокот.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје