X
 16.08.2015 Образование

Како најдобро да се подготвите за ТОЕФЛ?

Таа чита англиски весници, книги и магазини три до четири часа на ден и влегува во дискусии на англиски јазик секоја можна прилика. „И ова го правам уште од средно“, вели таа.

 

test


Не е потребно долго време за да сфатите дека не само што е добра во англиски јазик, туку таа е и доста начитана. Таа чита широко, длабоко и темелно. И не само што го зборува јазикот правилно, туку таа и зборува со елковентност кој произлегува од нејзината култивираност и информираност - без разлика дали и` е роден јазик или не.

Она што е чудно за неа е дека таа научила да зборува англиски течно уште пред да ја напушти Кореја за да учиво Америка.

Но, колку и да чита, да размислува и да зборува на англиски јазик, таа никогаш немала направено врвен резултат на TOEFL, иако секогаш поените и` биле високи.

„Иако знаев дека станувам подобра во англискиот јазик , никогаш не можев да имам највисоки поени на тестот, иако сум била доста блиску. Отсекогаш уживав во читањето, пишувањето и зборувањето со луѓето на англиски јазик, а кога дојдов да полагам TOEFL никогаш не ни помислував поинаку да се подгтовувам. Се чинеше како губење на време за подготвителен курс, особено затоа што сум студент по англиски јазик, такашто го направив тестот и не се грижев за поените. После се`, TOEFL тестот треба да покаже колку човек е добар во англискиот јазик.

Очигледно, луѓето кои ги избираа студентите на факултетот „American Midwest“ кадешто таа аплицирала гледале многу повеќе отколку само нејзините TOEFL резултати, со оглед на тоа што таа е студент таму.

Многу студенти веруваат дека високите TOEFL резултати се билет до американските факултети и порта за атрактивна работа, па затоа плаќаат пари за да се запишат на курсеви за тестирање на кои тие ги вежбаат нивните способности и вештини.

За да зборувате течно англиски мора да читате, пишувате и да се вклучувате во дискусии. Усовршувањето на англискиот јазик, како и се` останато, е бавна работа која никогаш не завршува и ретко се движи во права линија.

Токму тоа се случувало и со оваа студентка. „Никогаш нема да го научам сето она што сакам да го научам“, вели таа. „Одењето на факултет ми ги отвори очите и ми покажа дека не знам ни малку од она што сакам да го знам. Но, учењето ми покажа некои работи што претходно не сум ги знаела“, вели таа.

TOEFL е темелен тест за англискиот јазик кој ги тестира сите вештини на компетентноста на една личност за да го зборува јазикот. Тестот не е лесен, а и добро образованите личности на кои англискиот им е мајчин јазик имаат проблем и не можат да извадат високи резултати.

Повеќето студенти кои го имаат направено тестот велат дека тоа е процес на издржливост, особено затоа што трае 4 часа, а во тие 4 часа има интезивно читање, слушање, зборување и пишување.

Сепак, колку и да е детален тестот, како и сите стандардизирани тестови, има свои граници кои го прават предвидлив и со соодветни материјали и инструкции, многу студенти се подготвуваат и положуваат. Во месеците пред тестот, овие студенти се концентрираат само на материјалот за тестот.

Па, наместо да читаат весници на англиски јазик и да зборуваат со други луѓе на англиски јазик, тие ги меморизираат прашањата од тестот и ништо друго, верувајќи дека вака ќе добијат најдобри резултати. Но, не е доволно само да се биде добро подготвен за тестот, затоа што TOEFL ги фаворизира студентите кои течно зборуваат англиски јазик, и кои читаат, пишуваат, слушаат и зборуваат англиски секој ден.

Затоа, прашањето е: како да се подготвите себеси за TOEFL? Најдобриот начин е да бидете студенти кои тестот ги фаворизира, и привремено да ги разгледувате пробните тестови за TOEFL.

 


Бесплатна онлајн-верзија на тестот за англиски јазик TOEFL


Најдобрите книги за подготовка на TOEFL

Како успешно да го положите тестот TOEFL?

Основните разлики меѓу TOEFL и IELTS

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование