Имам 27 години и сум самохрана мајка. Имав долга врска со момчето. Кога дознавме дека сум бремена, во истиот момент се откажа од нашата љубов и плодот од неа (наводно не бил спремен да биде татко на 30 години). Бев силна и одлучна да ја родам таа малечка, која ја очекував 2,5 години. Во периодот на бременоста ниту еднаш не изрази желба да дојде со мене на гинеколошки преглед. Дури и кога го прашав дали сака да дојде или да го информирам, тој ми одговори со „не доаѓам и не сакам да знам“. Кога би било соодветно време да ѝ ја кажам вистината, дека нејзиниот татко не нè прифати во неговиот живот.
Ова е дел од прашањето на мајка упатено до психолозите, соработници на
Деца.мк.
Одговорот на Радмила Живановиќ прочитајте го на овој
ЛИНК.