X
 18.08.2015 Технологија

Истражувачите создадоа робот кој може да еволуира

Робовите се прават, тие не се раѓаат. Или пак се раѓаат? На Универзитетот во Кембриџ, научниците создадоа „мајка робот“ која не само што може да изгради помали роботи, туку може и да го избере најсилниот меѓу нив за опстанок и да ги ре-организира другите.

 

robot



Добредојдовте во светот на еволутивната роботика. Во лабораторијата беше спроведено истражување објавено во „PLOS On“ - во истражувањето, истражувачите му дадоа на роботот задача да дизајнира друг робот способен за движење и користење на блокови.

„Мајката робот“ може да изгради 10 деца и да види колку тие можат да се движат во одреден временски период. Оние кои биле најбрзи таа ги зачувала онакви какви што ги создала, додека побавните ги редизајнирала. На крајот на експериментот, најбрзите роботи од потомството биле два пати побрзи од најдобрите роботи од првата генерација.

„Природната селекција во основа е репродукција, оценување, репродукција, оценување и така натаму“, вели водечкиот истражувач Фумија Лида. „Тоа во суштина го прави овој робот - можеме да видиме подобрување и разнообразност на видовите“, додава тој.

Другите истражувачки групи исто така работат на роботи способни да изградат делови од нула. Не е тешко да се замисли дека еден ден, роботите кои ќе можат сами да се лекуваат, кои ќе имаат способности за опстанок на најсилните, човечки рефлекси и способност да служат пијалоци, ќе бараат правда поради уништувањето на HitchBOT.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија