X
 08.08.2018 Технологија

„Фејсбук“ сака да знае повеќе за вашите банкарски сметки

„Фејсбук“ во минатото воведе многу функции за да ги интегрира личните податоци на корисниците во платформата, а сега продолжува со преговори за воведување банкарски информации за корисниците на популарната социјална платформа. Извештаите им го привлекоа вниманието на многу заговорници на приватноста на интернет, како и на вечните критичари на „Фејсбук“ кои се бунат против вакви потези тврдејќи дека станува збор за нешто што би можело да предизвика уште еден скандал како оној со „Кембриџ аналитика“.

„Фејсбук“ бара од банките детални финансиски извештаи и во моментов преговара со ЏП Морган, Велс Фарог, Ситигруп и Банкорп. И покрај потенцијалниот бизнис-план на „Фејсбук“, банките се загрижени за приватноста на клиентите, што значи дека преговорите ќе траат долго.

fb
Фото: Getty Images


Што точно сака „Фејсбук“?


Како што стојат работите, социјалната мрежа ја разгледува можноста да ги претстави состојбите на банкарските сметки и да предупредува во случај на потенцијална измама во надеж дека ќе ги поттикне корисниците повеќе да користат „Месинџер“. „Фејсбук“ од банката нема да бара податоци од финансиските трансакции, туку настојува да ја подобри апликацијата „Месинџер“ преку интегрирање на банкарското известување, така што оваа функција ќе биде достапна само со претходно одобрување на самите корисници.

Веста за тоа дека „Фејсбук“ се обидува да стапи во контакт со банките им го привлече вниманието на критичарите, кои предупредуваат за потенцијалните штети што би можеле да бидат предизвикани. Соработникот на Институтот „Опен Маркетс“, Мет Столер, предупреди дека ваквиот пристап го најавува неодамнешното доаѓање на дистинктивниот социјален кредитен рејтинг.

Социологот Бет Поп Берман тврди дека е изненадена затоа што јавноста и експертите не реагирале побурно.

- Продолжува да ме изненадува реакцијата на јавноста за перверзните дистописки системи за надгледување - напиша таа на својот твитер-профил.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија