X
 01.01.2018 Технологија

Работните места ќе се променат во 2018 година

Кон крајот на 2017 година „Линкдин“ им поставува прашања на експертите од различни полиња за да споделат идеи и ставови за сето она што сметаат дека ќе има големо влијание во 2018 година. Некои од најголемите предвидувања и мислења се однесуваат на иднината на работните места.


1. Џејмс Маника, претседател на Глобалниот институт „Мекинси“

Тој смета дека најверојатно луѓето нема да ги губат работните места, но дефинитивно ќе има промени. Истакнува дека работните места ќе се поделат во три категории: изгубени, стекнати и променети. Според него, една третина од американските работници ќе треба да научат нови вештини и да ја сменат професијата до 2030 година. Многумина стравуваат поради доаѓањето на роботите, но експертите сметаат дека токму роботите ќе ги пополнуваат новите работни места на кои воопшто не сме ни помислувале. 

2. Ариана Хафингтон, основач на „Трајв глобал“

Таа вели дека ќе почнеме да обрнуваме поголемо внимание на ефектите што технологијата ги има врз секојдневниот живот. Смета дека треба повторно да воспоставиме врска со технологијата, па способноста за тоа ќе трае засекогаш. Со растот и развојот на вештачката интелигенција и зголемувањето на воспоставувањето контакт во секојдневието, има потенцијал таа да навлезе во човештвото уште подлабоко.

3. Адам Грант, професор на „Вартон“

Грант вели дека вештачката интелигенција ќе ни помогне со креативните проекти. Вештачката интелигенција ќе ни помогне да научиме од нашите успешни рутини. Додава дека компаниите ќе почнат да користат главни офицери за учење кои ќе им помагаат на работниците да се подготват, ако е потребно, да го променат работното место.

4. Сели Крочек, извршен директор на платформата за инвестиции „Елвест“

Компаниите ќе почнат да плаќаат менаџери за следење различни цели. Се проценува дека компаниите со поголем диверзитет во лидерството имаат тенденција за постигнување подобри резултати. Во многу технолошки компании уште доминира белата машка популација, иако се преземаат мерки за промена на тоа поле.

 5. Дејвид Латроп, директор на „Стил кејс“, компанија за канцелариски мебел

Латроп смета дека компаниите ќе ги трансформираат своите канцеларии во простории од отворен тип. Канцелариите ќе бидат дизајнирани како големо игралиште во кое работниците ќе ги применуваат своите интереси и желби. Тој предвидува и дека компаниите и дизајнерите ќе создаваат повеќе тивки соби, каде што работниците ќе можат длабоко да размислуваат.

6. Дејмонд Џон, инвеститор, „Шарк Тенк“

Џон смета дека вработените ќе се фокусираат на учење нови вештини за нивните работни места да продолжат да еволуираат. Тој советува применување на низа онлајн-курсеви кои се достапни и кои ќе помогнат во напредувањето на кариерата.

7. Лазло Бок, поранешен шеф во „Гугл“

Бок смета дека работниците ќе бидат помалку платени на пазарот на трудот. Ситуацијата ќе стане побрутална, а компаниите ќе се обидуваат да остварат што поголем профит.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија