Меѓународното училиште Копенхаген моментално гради нов кампус во областа Нордван за кое добива меѓународни пофалби за својот дизајн и одржливост.
Архитектонската фирма „CF Møller“ дизајнира иновативна одржлива зграда која треба да заврши во 2017 година. Откако ќе се заврши, училиштето ќе биде едно од најголемите згради во Данска во која ќе биде интегрирана соларна електрана.
„Традицијата на данската и нордиската архитектура е екстравагантна - едноставноста отсекогаш била клучна карактеристика“, вели архитектот Џулијан Вејер.
„Одржливоста исто така претставува клучна цел во данското општество, што значи дека не само што се фокусира на потрошувачката на енергија, туку и на безбедносни и практични урбанистички решенија“, вели тој.
Кампусот кој се простира на 25.000 квадратни метри ќе има капацитет за 1.200 студенти и 280 вработени и ќе има голема зелена површина и објекти.
Фасадата на училишната зграда ќе биде покриена со 12.000 соларни панели кои ќе снабдуваат повеќе од половина од годишната потрошувачка на електрична енергија во училиштето. Соларните ќелии на панелите ќе покриваат вкупна површина од 6.048 квадратни метри и секоја година ќе произведуваат околу 300 MWh, што е приближно еднакво на напојување на 70 семејства.
Соларната енергија на зградата ќе биде вклучена во наставната програма, а на студентите ќе им бидат понудени часови за соларни студии и можност да го следат производството на енергија на кампусот за време на часовите по математика и физика.
Главната зграда на училиштето ќе биде поделена во четири помали кули, прилагодена за задоволување на потребите на децата во различни фази на нивниот развој.
„Идеално, едно добро училиште работи како една мала заедница дури и град, учејќи ги децата како да бидат дел од јавниот живот и демократијата“, вели Вејер.
Училиштето е дизајнирано да дава отворен амбиент и да го поврзи училишниот простор со неговата урбана средина, но најмногу од се`, да биде еко-пријателски. Дизајнот на училиштето веќе го привлече вниманието на експертите за дизајн и експертите за животна средина, а еден магазин го нарече „чудо на соларната наука“.
„Знаеме дека денешната средина за учење треба да биде разновидна за да се приспособи на исто ниво, а овие напори за подобрување на местото за учење и концентрација бараат училиштата да бидат прилагодени за различни, демократски и лични стилови на учење“, велат архитектите.
Училиштето, кое моментално има 850 студенти кои доаѓаат од повеќе од 70 земји, не е значаен само поради сопствениот дизајн. Со неговото проширување тоа ќе стане најголемото во градот и ќе помогне да се исполни потребата на данската бизнис заедница: подобри опции за школување за странските професионалци во Копенхаген.
„Училиштето несомнено ќе помогне да се привлечат странски високообразовни експерти и бизнис лидери во Копенхаген, бидејќи сега можеме да понудиме силна меѓународна заедница со јасен, одржлив профил“, вели Вејер.
Изградбата на новиот кампус е во тек и се очекува да заврши во 2017 година. Поставена е и веб камера која можете да ја видите
ТУКА, а која ја покажува изградбата.