Не ја вртете главата, зградата изгледа токму вака во реалноста.
Новата зграда во Дубаи има 55 катови, а соодветно е наречена „Кула-лавиринт“ само како поздрав на дечките од Гинисовата книга на рекорди кои веќе ја прогласија зградата како најголем вертикален лавиринт во светот.
Според медиумите, надворешниот изглед е добиен од природен камен, а како што се гледа на сликата, има и ЛЕД-светла (кои светат во различни бои и форми) вградени во самиот лавиринт, кој е направен од балконите на становите во зградата.
Линиите не се само така поставени, ами претставуваат вистински лавиринт кој може да биде решен. Ова чудо било дизајнирано од Адријан Фишер, лидер во дизајнирањето лавиринти во светот.