Деби Херкенс е наставничка по биологија во училиштето Гроене Харт Риџнвуд во Холандија. Таа дојде до неверојатен и секако, незаборавен начин да ги едуцира своите ученици.
Дебу се качи на нејзиното биро и започна да ги соблекува алиштата - под неа откри целосен костум на кој беа илустрирани сите мускули и органи на човечкото тело. Под тоа, таа откри друг костум на кој беа илустрирани коските во човечкото тело.
Херкенс дојде до оваа идеја кога видела човек кој имал хеланки со слична илустрација. Откако ги пронашла на интернет, таа прво го запрашала директорот на училиштето дали е во ред да ги облече за на час. Со оглед на тоа што за учениците беше навистина незаборавен час, тие постојано ја прашуваат кога повторно ќе имаат друг сличен час.