X
 12.05.2015 Образование

Кој е недостатокот на "неверојатниот" кинески образовен систем?

Кина има репутација на земја со ригорозен образовен систем, која се наоѓа на првото место од 65 земји во најновиот тест од PISA (Programme for International Student Assessment).

 

кина


15 годишните ученици низ светот го земаат овој тест на секои три години, и тоа стана златен стандард за рангирање на нациите во однос на образовната сила.

Доминацијата на Кина на меѓународните стандардизирани тестови, во комбинација со релативно ниските трошоци кои владата ги троши во образованието, се чини навистина голема.

Меѓутоа, кои се големите пропусти во образованието во Кина?

Најпрво, фокусирањето на тестото може да ги лиши учениците од креативноста.

„Кинеското образование произведува одлични резултати на тестовите, но краткиот рок на исходот може да постигне меморизирање на памет“, вели Јонг Зао, кој пораснал во Кина и таму предавал. „Но како самата кинеска влада, не произведува разновидност, креативност и иновативен талент“, додава тој.

Кинеските ученици посветуваат доста време усовршувајќи ги овие вештини. Тие посветуваат 14 часа на нивната домашна работа, што е најмногу од било која земја - ова го покажува истражувањето спроведено од Организацијата за економска соработка и развој (OECD - Organization for Economic Co-operation and Development).

Oваа напорна работа не се исплаќа во смисла на иновацијата и креативноста на учениците.

Неодамнешно истражување од „Harvard Business review“ изразува сомневање дека Кина ќе биде светски лидер во претприемништвото поради „ограниченото“ образование и политичкиот систем таму.

Многумина мислат дека Гаокао, најважниот универзитетски приемен испит во Кина ја убива креативноста и енергијата на ученикот. Ксу Ксијаопинг, кинески инвеститор, го потврдува ова и тврди дека ќе бидат потребни најмалку 20 години за Кина да престане да ги испраќа студентите во странство за да научат како да бидат иновативни.

„Никој, после 12 години кинеско образование, нема шанса да добие Нобелова награда, дури и ако тој или таа оди на универзитети како Харвард, Јеил, Оксфорд или Кембриџ“, вели еден професор од Пекинг Универзитетот.

Со цел Кина да произведе повеќе добитници на Нобелова награда кинеската академија ќе мора да ги модифицира своите стилови на предавање и учење и да посвети внимание врз креативното решавање на проблемите, наместо традиционалниот пристап кој го вреднува учењето на памет“, вели Хауард Стивен Фирдман, истакнат статистичар.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование