X
 24.08.2015 Образование

Факултетите на социјалните мрежи - потреба или не?

Социјалните мрежи претставуваат предизвик за факултетите и универзитетите денес. „Гардијан“ го анализираше проблемот неодамна земајќи ги предвид навиките на факултетите и универзитетите во Велика Британија. Мислењата на студентите, одговорните лица во факултетите и експертите за високото образование се разликуваат и се поделени.


Имено, според анкетата спроведена на студентите, поголемиот дел од нив не се грижат дали нивниот факултет е активен на социјалните мрежи, а 60% од нив не ги сметаат активностите на социјалните мрежи за добар извор на информации кога станува збор за образованието.

Од друга страна, експертите од „Гардијан“ порачуваат поинаков пристап од страна на факултетите и сметаат дека начинот на кој се користат социјалните мрежи од страна на институциите е проблемот, не самите социјални мрежи.

Кога станува збор за Македонија, доколку ги побарате нашите факултети на социјалните мрежи ќе забележите дека поголемиот дел од нив имаат фан-страница на „Фејсбук“, но помал дел од нив користат „Твитер“. Меѓутоа, дури и кога се присутни на социјалната мрежа, тие не се активни како што би помислиле.

Што мислат за тоа студентите? Дали сметате дека е битно факултетите да бидат активни на социјалните мрежи? Дадете го своето мислење во анкетата подолу.

Create your own user feedback survey


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование