X
 24.08.2015 Технологија

Како да ја подобрите батеријата на лаптопот или телефонот?

Батериите не траат вечно. За жал, тоа секогаш го сфаќаме прерано и во лошо време. За максимално да го искористите времетраењето на батеријата на телефонот и лаптопот, грижете се за неа соодветно.


Користете ги алатките за чување на батеријата од производителот

Производителите на лаптопи како „Леново“ и „Сони“ честопати нудат алатки за одржување на батеријата кои автоматски го спречуваат стареењето на батеријата.

Чувајте ги телефонот и лаптопот на студено

Само неколку работи ја уништуваат батеријата повеќе отколку високите температури. Не ги оставајте овие уреди во врел автомобил или во жешка просторија.

Намалете ја осветленоста

Тестовите направени на ајфон покажуваат дека ова може да направи разлика во траењето на батеријата со часови.


Користете апликации за чување на батеријата

Кога телефонот е речиси празен, апликациите може да го „продолжат“ животот на батеријата. За ајфон користете „Normal“, а за „Андроид“ обидете се со „Carat“.

Ставете го лаптопот на спиење доколку го користите почесто

Кога го ставате лаптопот на спиење, тој користи струја, но целосното исклучување на лаптопот може да искористи повеќе струја отколку хибернацијата.


Не го оставајте уредот без батерија често

Денешните батерии не треба да бидат целосно празни за да траат подолго. Напротив, подобро е да ја наполните пред да се испразни целосно.

Не го оставајте вклучен полначот кога батеријата е полна

Експертите препорачуваат полнењето секогаш да биде на 40-80%, но никогаш до 100%.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија