Истражувачите од МИТ смислиле нов начин за складирање енергија во модифициран бетон, што претставува потенцијално решение за проблемот со складирањето на енергијата.
Демијан Стефаниук и неговите колеги од МИТ претвориле мешавина од вода, цемент и саѓи, високоспроводлив материјал што се користи во производството на автомобилски гуми, во суперкондензатор.
Иако суперкондензаторите не се ни приближно добри во долгорочно складирање енергија, во споредба со литиум-јонските батерии, тие можат да се полнат, па ќе бидат дополнување на конвенционалните батерии.
Стефаниук и неговиот тим веруваат дека нивниот нов материјал може да ја промени играта, симнувајќи го притисокот од електричната мрежа, преку обезбедување начини за складирање зелена енергија, чие производство може да варира во голема мера во текот на денот.
Потенцијалните примени се многубројни. На пример, патиштата изградени со необичниот суперкондензатор може брзо и безжично да ги полнат автомобилите, намалувајќи ја нивната зависност од конвенционалните полначи.
- Што е уште поинтересно, цементот може да се користи како градежен материјал - за ѕидови, темели или столбови, кои се активни не само во поддршката на структурата туку и во тоа што енергијата ќе се складира во нив - изјавил Стефаниук.
Сепак, технологијата е сè уште на почетокот. Засега нивниот суперкондензатор може да складира доволно енергија за да напојува ЛЕД од 10 вати за 30 часа.
Бидејќи суперкондензаторите се празнат многу брзо, тимот има уште многу пречки што треба да ги надмине. Сепак, Стефаниук тврди дека таквиот материјал може да ги задоволи дневните енергетски потреби на станбена куќа.
Извор: futurism.com
Фото: Freepik