X
 05.07.2018 Технологија

Телефоните не ве прислушуваат, но можат да снимат што правите

Едно од многуте прашања на кои Марк Закерберг и неговиот тим од „Фејсбук“ мораа да одговорат по објавувањето на информациите за споделувањето на корисничките податоци од „Кембриџ аналтика“ беше поврзано со наводното прислушување и шпионирање на паметните телефони. Според некои тврдења, паметните телефони, односно апликациите прислушуваат разговори на корисниците за да дознаат повеќе информации за нивните интереси и да ги искористат за прикажување на огласите.

1
Фото: Jim Cooke


Во тој контекст се споменува и „Фејсбук“ - некои корисници од оваа мрежа тврдат дека по телефонските разговори им се прикажале некои производи што ги споменале во текот на разговорот. „Фејсбук“ ги одби овие тврдења и уверува дека не ги прислушува и не ги шпионира корисниците, а научниците од Универзитетот „Нортист“ спровеле истражување помеѓу повеќе од 17.000 најпопуларни апликации за „Андроид“ за да дознаат дали овие апликации ги прислушуваат корисниците.

Добра вест е дека не пронашле докази за прислушување и шпионирање, но откриле некои загрижувачки методи со кои се служеле девелоперите на апликациите - научниците откриле дека некои апликации ги снимаат екраните на корисниците и им ги испраќаат на трети страни.

Како еден пример ја навеле апликацијата „Гоу Паф“, која снимила видео од екраните на корисниците и тие снимки ги испратила на аналитичката компанија „Еп Си“. Не е необично апликациите да ги собираат и испраќаат податоците на аналитичките компании што им помагаат во подобрувањето на ефективноста, но проблемот е дека во правилата за користење на приватноста на „Гоу Паф“ нема никакви информации за оваа практика и начинот на снимање и споделување на податоците.

Научниците велат дека ова е голем проблем бидејќи покажува колку е едноставно да се снима она што луѓето го прават на своите телефони и дека на овој начин апликациите можат да снимат видеа или фотографии од приватните пораки, внесувањето на лозинките и слично - така, без никакво знаење, корисниците би можеле да дадат чувствителни и важни информации кои би можеле да се искористат за измами, напади, крадење на личните податоци, празнење на банкарските сметки и слично.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија