Со традиционалното садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златниот венец“ кинескиот поет Беи Дао, денеска во Струга ќе стартува 54. издание на Струшките вечери на позијата.
Струга по 54. пат ќе биде претстолнина на поезијата, а фестивалот ќе се одржува пред Домот на поезијата и на отворени сцени во Струга. Истовремено поетски читања, „Поезија на пат“ ќе има и во Охрид, Ресен, Битола и Скопје.
Свое учество ќе земаат 44 поети од 29 земји. Присутни ќе бидат имиња во современиот поетски свет од Шпанија, Шведска, Индија, Германија, Норвешка, Австралија, Чиле, Јапонија, Израел, Словачка, Русија, САД, Либан, Мексико, Молдавија.
ПРОГРАМА СВП 2015