Една германска воздухопловна агенција вредно работи за да ни обезбеди побрзи прекуокеански летови и се чини дека наскоро ќе постигне во својата цел.
Институтот ДЛР стои зад дизајнот на футуристичко летало со кое патниците би можеле да патуваат од Австралија до Европа за само 90 минути. Проектот веројатно нема да биде реализиран пред 2050 година, но концептот изгледа импресивно.
Леталото е наречено „Space Liner“ и е авион-ракета кој ќе ја достигне брзината со лансирање во стратосферата на Земјата на височина од 80 километри, кадешто ќе може да патува со брзини до 13.300 километри на час.
Концептот се состои од две фази - автоматска и човечка, а во леталото би имало место за 50 патници и 2 членови на екипажот. Авион-ракетата би имала просечна должина од 83,5 метри и распон на крилја од 37,5 метри, а ќе лета со помош на 11 ракетни мотори и во атмосферата ќе испушта пареа и водород.
Еколошкиот систем не влијае на брзината на леталото, кое би летало 20 пати побрзо од брзината на звукот за помалку од 10 минути по полетувањето.