Има многу причини за волонтирање додека патувате, а за среќа има и многу организации и институции кои бараат патници кои сакаат да волонтираат. Најчесто, за волонтирањето се добива некаков надомест кој може да ве испрати на следното патување. На следните места може да најдете волонтерска работа која ќе ви помогне да патувате за помалку.
WWOOF (World Wide Opportunities on Organic Farms)
Понудени се сместување и храна за работа на фарма. Може да се остане од една недела до неколку години, а може да се најдат можности во 53 земји.
Turtle
Ова е заедничко име за илјадници мали групи кои им помагаат на загрозените морски желки. Повеќето од нив се сместени на плажи и бараат помош барем на една вечер.
Conservation Volunteers
Може да работите на повеќе кратки проекти во Австралија или Нов Зеланд. Проектите се за промоција на заштитата на екологијата. Обично се бара мала сума за учество, но таа ги покрива сместувањето и храната.
Sudan Volunteer Programme
Програмата е за предавање англиски јазик во Судан. Се работи во училишта или на универзитети, а сите трошоци се покриени освен патот дотаму.
Appalachian Trail Conference
Регионот е дом на речиси 2.000 загрозени видови. Волонтерите помагаат во одржувањето на околината во замена за храна и сместување.
Trip Leader for HF Holidays
Се работи за популарна програма која бара волонтери кои ќе водат повеќе туристи на пешачка тура. Лидерите добиваат сместување, храна и шанса за истражување на Европа.
Help Exchange
На оваа интернет-страница може да најдете многу луѓе од целиот свет кои бараат помош за секаква работа. Обично се покриваат сместувањето и храната.
Peace Corps
Учествувајте во повеќе проекти од секакви области. Минималниот престој во друга земја трае 27 месеци.
United Nations Volunteers
Обединетите Нации нудат места за оние кои сакаат да направат промена додека се во странство.