„Спејс Екс“ синоќа го одложи лансирањето на товарната ракета „Фалкон 9“ поради силен ветер во високите делови на атмосферата и на море, соопшти компанијата на Елон Маск.
Ракетата требаше да испорача драгон карго-капсула со товар тежок 2.585 килограми на Меѓународната вселенска станица. Товарот е на НАСА и служи за истражување и научни експерименти во текот на следните две експедиции.
„Фалкон 9“ е најнова ракета на „Спејс Екс“ чиј искористен прв степен се приземјува на дрон-брод за повторна употреба.
Лансирањето е презакажано за денеска.
Извор: МИА