X
 04.09.2015 Наука

Генијален џебен микроскоп кој чини само еден долар

Ману Пракаш е инженер од универзитетот „Стенфорд“ кој се изненадил кога пред четири години видел дека подвижните клиники на Тајланд не ги користат микроскопите бидејќи се прескапи и секој се плаши да ги допре. Оваа апсурдност го инспирирала да ја промени ситуацијата и да создаде нешто подобро.


По години работа се родил „Foldscope“. Се работи за микроскоп кој се прави од едно парче хартија. Ги сечете деловите, ги превиткувате во стил на оригами и ги спојувате. Десет минути подоцна имате уред кој тежи само 9 грами, го собира во џебот и служи како микроскоп кој може да зголеми слики за 2.000 пати.

Најдобро од сè е тоа што уредот чини помалку од еден долар за да се направи. Досега биле направени и други мали микроскопи, но разликата кај овој е тоа што може да функционира сам, без мобилен телефон. Микроскопот може да се користи и со телефон за да се прават фотографии и снимаат видеа, а доколку ставите извор на светлина, уредот станува и проектор.

Со овој микроскоп може да се откриваат паразити кои предизвикуваат маларија и други тропски болести, но може да го користи секој за да го истражува светот околу себе.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука