Искуството со виртуелната реалност досега главно се базираше на игри и забава затоа што тешко беше да се реализира во која било посериозна работа, првенствено поради неможноста за ефикасна употреба на виртуелната тастатура.
Компанијата „Тап системс“ создаде уред што истовремено претставува тастатура и глувче, но и гејминг-контролер, а ја прави поедноставна употребата.
Уредот се навлекува на дланката, односно на врвовите на прстите и го детектира нивното тапкање. Тој е ергономски и не пречи при употребата. Преку блутут-врска може да се поврзе со различни уреди и да служи за пишување текст, позиционирање на практично која било подлога.
Постои и можност за повторно мапирање и нагодување на виртуелниот тастер, па може да се приспособува за различни игри. Покрај употребата во комбинација со опрема за виртуелна реалност, може да се искористи и независно од неа.
Уредот ги поддржува оперативните системи „Виндоус“, „Андроид“ и „Ајос“. Вградената батерија обезбедува до осум часа работа, а времето на полнење е околу два часа.
Уредот чини 180 долари.