X
 02.07.2017 Технологија

Помалку познати факти за фиџет спинерите

Фиџет спинерот, предметот кој со брзина на светлината стана популарен, има необична историја и цел. Ги користат и деца и возрасни, а се почесто можат да се забележат и кај познатите личности. Ова се 10 факти кои можеби не сте ги знаеле за оваа нова „играчка“.


1. Креаторот

Пред две децении, хемискиот инженер Кетрин Хетингер, добила инспирација кога отишла во посета на својата сестра во Израел. Слушнала за млади деца кои фрлале камења на луѓето кои поминувале на улиците во Израел и веднаш започнала да размислува за некаков уред кој би им го оттргнал вниманието и би обезбедил олеснување на стресот. Друга мотивација за неа била и автоимуната болест на својата ќерка која резултира со ослабени мускули, па така го дизајнирала првиот спинер.

2. Патентирање

Кетрин не заработила пари од креирањето на уредот. Не можела да си дозволи да плати 400 долари годишно за да го одржува патентот и го изгубила во 2005 година. Други компании сега можат да ги произведуваат и да ги продаваат спинерите. Таа не може да заработува од нив, но е воодушевена што користењето на спинерите е во експанзија.

3. Оригинална употреба

Спинерот бил замислен како уред кој најмногу би го употребувале деца со аутизам, анксиозност, опсесивно-компулсивно нарушување и слично. Дејството е терапевтско, се ослободувате од стресот и се зацврстува фокусот.

4. Модерна употреба

Креаторката Кетрин смета дека и во модерната употреба, првичната цел е ослободувањето од стресот. Но, многу училишта, на пример, ја забрануваат употребата на уредот, гледајќи го како потенцијално одвлекување на децата од учењето.

5. Цена

Цените се движат од 2 до 460 долари. Тоа зависи од моделот и способностите.

6. Вклученост на познати личности

Листа на познати личности веќе ги користат фиџет спинерите и тоа најмногу нивните деца. Некои дури дизајнираат и сопствени модели.

7. Ефектите на социјалните медиуми

Според информациите на „Google Trends“, фиџет спинерите се пославни дури и од Доналд Трамп и Ким Кардашијан. На социјалните мрежи постојат низ групи и страници каде што се споделуваат искуства, совети и видеа. Често спинерите се и исмејвани, но тоа не го исклучува фактот дека нивната употреба е глобално распространета.

8. Физиката позади спинерите

Топчестите лежишта го намалуваат триењето и дозволуваат на спинерот да се врти долго време. На крајот на секое „крило“ на спинерот, лежишта на кружни канали се движат со ниско триење околу центарот на ротација врз напор на вртежен момент. Ова дозволува спинерот да се врти слободно. Силта треба да биде нанесена на работ на уредот за да дојде до вртежи. Целиот уред е основан на физика за правилно да функционира.

9. Варијации

Секој спинер има свој сет на уникатни карактеристики – различна големина, боја и додатоци. Некои имаат и „Bluetooth“ поврзаност и „LED“ светла, како и вметнати звучници.

10. Опасности

Бидејќи се трансформираат во електрични уреди, можно е да дојде до запалување или топење. Неколкумина се здобиле со повреди при вакви случаи, но ништо не завршило трагично. Сепак, многумина предупредуваат дека иако е масовно користена, оваа „играчка“ со себе носи и опасни моменти.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија