X
 10.09.2015 Култура

Најголемите филмски промашувања за ова лето

Летото обично е најпрофитабилното време од годината за филмската индустрија, а ова лето беше доста успешно. И покрај тоа, ги донесе некои од најголемите промашувања во последните неколку години.

Финансискиот успех на филмот не се базира врз едноставната равенка „заработувачка-буџет=профит“, туку тука влегуваат и други фактори за кои воглавно ние „обичните смртници“, немаме поим. Затоа, да преминеме на главното - ви ги нудиме најголемите филмски промашувања за ова лето.

Aloha

 

1


Благодарение на Камерон Кроу денес ги имаме „Almost famous“ и „Jerry Maguire“, но во последните години никако не може повторно да ја фати таа магија која ја имаше во минатото. Оваа година е заслужен за едно од најголемите филмски промашувања - Аloha. Филмот предизвикал и расен сканал поради тоа што Ема Стоун глуми жена која е една четвртина Хавајка, а нејзиниот татко е Кинез. Во филмот глумат и Бредли Купер, Рејчел МекАдамс, Алек Болдвин и Бил Мареј, меѓутоа ни со ваква филмска екипа филмот не успеа да го оправда буџетот од 37 милиони. Низ цел свет успеа да заработи само 26 милиони долари.

The man from U.N.C.L.E.

 

2


Филмот е во режија на Гај Ричи и се`уште се емитува во кината, но мора да се случи несекојдневно чудо за толпа народ да се упатат во кино салите. Филмот имаше буџет од 75 милиони долари, а досега заработи 70-тина милиони, но во ова не влегуваат трошоците за маркетинг и којзнае што друго. Ричи, Кавил и МекГрегор не се прославија, а наводно филмот не е ништо посебно.

Pixels

 

3


Во минатото Сендлер успеал да заработи и по 100 милиони долари со неговите глупави комеди, но во последните неколку години и не му оди баш најдобро. Дури ниту овој филм.

Fantastic four

 

4

 


Веројатно го очекувавте овој филм на оваа листа, и веројатно очекувавте да се најде на прво место. И студиото очекуваше дека филмот ќе биде тешка катастрофа па го намалија буџетот. Филмот заработи нешто, но тоа не значи дека не е катастрофален до апокалиптични размери. Кога и самиот режисер на Твитер отворено призна дека ова не е филмот кој сакал да го направи, тогаш знаете дека е прилично лош.

Tomorrowland

 

5


Дизни ги имаше The Avengers и Inside out ова лето, но благодарение на Tomorrowland не може да се пофали со успешно лето. Голем дел од вината, критичарите ја насочуваат кон Џорџ Клуни на кој е ставен преголем акцент. Друга работа е и тоа што тинејџерка глумеше 25 годишна глумица.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура