Фото: Reddit
Мапата погоре го покажува процентот на жители во неколку европски земји кои би се бореле и би отишле во војна за сопствената земја.
Во продолжение се целосните резултати, од највисок до најнизок процент:
74% - Финска
73% - Турција
62% - Украина
59% - Русија
58% - Косово
55% - Босна и Херцеговина
55% - Шведска
54% - Грција
47% - Полска
46% - Србија
41% - Латвија
39% - Швајцарија
38% - Ирска
38% - Македонија
38% - Романија
37% - Данска
29% - Франција
28% - Португалија
27% - Обединето Кралство
26% - Исланд
25% - Бугарија
23% - Чешка Република
21% - Австрија
21% - Шпанија
20% - Италија
19% - Белгија
18% - Германија
15% - Холандија
Кога станува збор за нашата земја, 38% од населението би се одлучиле да одат и да се борат за Македонија.
Резултатите се од интернационалното глобално истражување „
WIN/Gallup“.
Европа е континент во кој најмал број од луѓето би се одлучиле да се борат во војна за својата земја. Глобално, 61% од испитаниците во 64 земји изјавиле дека ќе се борат. Мароко 94%, Фиџи 94%, Пакистан 89%, Виетнам 89% и Бангладеш 86% се земјите со највисок процент на луѓе што би се бореле за сопствената земја.
Земјата со најмал процент на луѓе што би отишле во војна е Јапонија, со само 11% од луѓето кои изјавиле дека би се бореле во војна.
Уште од Втората светска војна,
Европа е релативно мирна со исклучок на југословенските војни во 90-тите и неколку политички потиснувања за време на Студената војна. Но 19 век исто така беше релативно мирен период за Европа што заврши со почетокот на Првата светска војна.