Ако некој ве праша кој е Семјуел Ленгхорн Клеменс, веројатно не би знаеле дека тоа е Марк Твен, познат американски писател. Роден е во мало село во Флорида, Мисури, како шесто дете на Џон и Џејн Клеменс.
Поголемиот дел од животот го поминал во луксузна вила во Хартфрорд, која „Нешнел џиографик“ ја прогласи за една од десетте најдобри куќи во светот. Куќата е претворена во музеј кој нуди обиколки на заинтересираните посетители кои сакаат да дознаат нешто повеќе за американската култура и историја, како и за животот на Марк Твен.
Благодарение на добро организираните тури, туристите можат да добијат вистински впечаток за тоа како било да се живее во неговата куќа низ различни епохи.
Кога Твен првпат го посетил Хартфорд во 1868 година, веднаш се заљубил во него, опишувајќи го како еден од најубавите градови што некогаш ги видел. Во февруари 1870 година тој го подобрил својот социјален статус со тоа што се оженил со 24-годишната Оливија Ленгдон, ќерка на богат трговец со јаглен од Њујорк.
Откако се оженил со Ливи, тој реши да се пресели во Хартфорд. Истата година тој и неговата сопруга се преселиле во Нок Фарм, станбен имот во кој живееле многу истакнати книжевни личности. Таму избрале елегантна вила во викторијански стил. Во овој период Твен ги напишал своите најпознати дела „Авантурите на Том Соер“ и „Доживувањата на Хаклбери Фин“.
Во куќата често правеле забави, а тие се случувале во голем салон кој бил наменет за пречек на гости. Твен знаел да седне на клавир и да раскажува интересни приказни додека гостите го слушале.
На крајот од куќата била омилената соба на Твен, собата за билјард, која ја користел како импровизирана работна соба. Денес масата за билјард е покриена со куп расфрлани белешки и хартии кои ја оживуваат креативната атмосфера на книжевната легенда.
Кога излегувале од куќата, уживале во зимската градина исполнета со волшебно зеленило со поглед на целата фарма Нук.
Во спалната соба имало голем кревет кој наводно Марк и Ливи го купиле во Венеција. Интересно е тоа што Твен и Ливи ги чувале своите перници во подножјето на креветот за да си дозволат поглед на ангелите што се наоѓале од другата страна, што веројатно им давало мир пред спиење.
Извор:
24sedam.rs
Фото:
Facebook