X
 13.09.2015 Забава

Се чини дека мажите сепак повеќе сакаат бринети

Интернет страната за состаноци, www.match.com ги објави резултатите од проучувањето на своите машки членови, обидувајќи се да одговорат на прашањето стара со децении - што ги привлекува жените и мажите еден кај друг?

 

црна


Наместо стереотипниот, убав, плав скандинавски изглед, се чини дека мажите повеќе сакаат долга, малку брановидна, костенлива коса, додека сините очи остануваат на врвот на листата.

Особините кои мажите се`уште ги ценат кај жената се грижата, а топ професијата која мажите ја сакаат кај партнерката е докторка. Мажите сакаат нивната потенцијална партнерка да оди на пливање, бидејќи на тој начин се сигурни дека таа е во топ форма. Исто така, сакаат нивните партнерки да бидат еден вид „лоши девојки“ и да се тетовираат на скриените делови од телото.

Според истражувањето убавиците како Сиена Милер, Камерон Дијаз и Блејк Лајвли повеќе не се во мода. На нивно место сега се Меган Фокс, Анџелина Џоли, Зои Дешанел - жени со кафеава коса и светли очи.

И резултатите од женска страна исто така изненадуваат. Наместо досегашните модели на холивудски лепотани, сега жените повеќе сакаат татковски типови. Жените сакаат мажи со кратка костенлива коса и сини очи. Од актерите најмногу се издвојува Џејк Гиленхал, а долгата коса како на Џони Деп или Колин Фарел повеќе не поминува кај жените.

 

1


Истражувањето не открива ништо за 2-3 дневните небричени бради кои во последно време се доста популарни, во комбинација со дебел плетен џемпер. Жените покажаа наклонетост кон типови во костум кои работат во канцеларија, а слободното време го поминуваат со нивното куче.

Друго истражување спроведено на интернет од хирурзи, вели дека идеалите за физичкиот изглед и убавината на жената се разликува насекаде низ светот. Додека во Шпанија се цени полната фигура, Кинезите сакаат слаби девојки.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава