Имаат помеѓу 48 и 81 година, а велат дека ја победиле оваа болест благодарение на здружените сили.
Првата жена од семејството на која ѝ бил дијагностициран рак има 78 години, а дијагнозата ја добила во 2002 година, додека последната жена од семејството почнала со лекување во 2017 година. Сите 10 жени доаѓаат од истото семејство. Сега ниту една повеќе нема рак, а тоа одлучија да го прослават правејќи заеднички календар.
- Дури и во најлошите денови знаевме дека постои надеж и живот. Фактот дека ние десет тоа заедно го поминувавме исто така беше од голема помош. Многу сме блиски сите во семејството и тука сме една за друга. Сите го победивме ракот како семејство и заедно го споделивме искуството - рече Ванеса Хау, која за дијагнозата дознала во 2015 година.
Ширли Лимб за својата дијагноза дознала во 2008 година, а како што вели, оваа болест уште повеќе ги зближила.
Џејн Рисон превентивно отишла на преглед и мамографија, и таму ѝ била откриена болеста.
- Со оглед на тоа што знаев колку членови од
семејството имаа рак, знаев дека е важно да одам на редовни прегледи - рече таа.
Нивниот семеен календар ќе се најде во продажба наредниот месец, а целиот приход ќе биде за хуманитарната организација „Брест кенсер кер“.