Патувањата ни даваат можност да запознаеме нови луѓе и култури, а преку патувањето може подобро да се запознаеме и себеси. Научникот и истражувач, Франц Нејер и докторката Џулија Зимерман одлучиле научно да докажат дека патувањата може позитивно да влијаат на нашата личност. За потребите на своето истражување тие работеле со германски студенти, дел од кои патувале, а дел од кои останале во Германија. Испитаниците биле испрашувани пред и по патувањата. Биле донесени следните заклучоци.
Започнуваме да гледаме на животот од различна перспектива
Кога се наоѓаме на исто место долго време започнуваме работите да ги земаме здраво за готово. Но, кога патуваме, откриваме дека навидум обичните работи може да бидат благослов.
Стануваме поспонтани
Кога еднаш ја менуваме перспективата на гледање на животот, стануваме поцврсти и некои работи не можат да нè извадат од такт. Разбираме дека животот е само живот и дека во него се случуваат работи кои не може да се предвидат. Но, може да го промениме начинот на кој гледаме кон промените.
Излегуваме од својата безбедна зона
Одењето во друга култура е најдобар начин да се тргнеме од сè она што ни е познато и сигурно. Нема подобар начин да се внесе возбуда во животот од правењето нешта што претходно не сме ги правеле.
Стануваме поотворени за нови луѓе и познанства
Запознавањето нови луѓе е составен дел од секое патување. Интересно е тоа што може да видиме како некој на наша возраст живее сосема различен живот на друго место.
Повеќе не се врзуваме за неважни работи
Едноставно, сфаќаме што е битно, а што е помалку битно. Промените повеќе не нè погодуваат толку тешко, а важно ни е да се занимаваме со работи кои ќе ни користат кога ќе погледнеме долгорочно.