X
 28.12.2017 Живот

„Никогаш не срамете се да прашате што било. Само будалите се прават дека знаат сѐ“

„Не постои ниту еден момент во вашиот живот во кој немате сè што ви е потребно за да бидете среќни. Вашата несреќа произлегува од тоа што го насочувате внимание кон она што го немате, наместо кон тоа што во одреден момент го имате“ – Ентони де Мело.

„Не знаеме кои сме. Се претворивме во себични, преплашени и повредени луѓе. Таквото однесување не ја изразува нашата изворна природа, туку раните што сме ги добиле кога сме ја напуштиле невиноста со која сме се родиле и сме се упатиле кон патот на животот. Само луѓето што страдаат можат на другите да им донесат страдање. Само повредените луѓе можат да ги повредуваат другите. Само луѓето со затворено срце можат да се однесуваат нељубезно“ – Робин Шарма.

„Никому не му е дадена желбата без можност да ја оствари!“ – Волт Дизни.

„Оној што сака, ќе најде начин. Оној што не сака, ќе најде оправдување“ – Пабло Пикасо.

„Никогаш не срамете се да прашате што било. Само будалите се прават дека знаат сè“ – Пауло Коелјо.

„Немој да ми кажуваш дека во светот има војни.
Немој да ми кажуваш дека луѓето скапуваат од глад.
Немој да ми кажуваш дека луѓето се убиваат од омраза.
Немој да ми кажуваш дека луѓето подбуцнуваат и се прогонуваат едни со други.
Туку, кажи ми: Што правиш ТИ?
Кажи ми: Што ТИ правиш?“

– Мајка Тереза
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот