X
 05.02.2018 Живот

Дали хиџабот треба да го носат и малите девојчиња?

Кој рекол дека треба да го разбереме сето она што им е важно на луѓето? Зошто ни е толку важно како другите луѓе ги изразуваат своите верувања сè додека тоа не влијае негативно врз другите?


Нина Лал, директорка на училиште во Источен Лондон, забранила да носат хиџаб девојчињата што имаат помалку од 8 години. За таа одлука, од некои членови на заедницата била споредувана со Хитлер. Хитлер бил одговорен за убивање милиони луѓе, а Лал е одговорна за потенцирањето дека исламот не бара девојчињата да носат хиџаб до нивниот пубертет. Можеби е најдобро ваквите работи да не се користат за поделба.

Хиџабот претставува женска скромност и исламот не го бара од малите деца. Многумина велат дека децата сакаат да го носат, но факт е дека дечињата речиси секој ден сакаат нешто различно. Лал се соочила со многу критики за својата постапка. Во училиштето секојдневно пристигале по 500 е-пораки со остри зборови упатени кон неа. Нејзината политика за отфрлање на хиџабот кај деца под 8 години била одбиена.

Ваквите чувствителни теми секогаш наидуваат на бура од реакции. Лавината од исламофобијата во одредени делови од медиумите и во други релевантни групи создава проблем бидејќи тие често не прават разлика помеѓу терористички фанатици и лица што мирно си ја следат религијата.

Да се биде толерантен и заштитнички настроен, сепак, не значи дека не треба да се дискутира и да се посочи на одредените работи што не ни изгледаат во ред. Ако секогаш молчиме само за да не бидеме наречени „расисти“ или „нацисти“, тогаш се создава вакуум за влегување на оние што шират омраза.

Постои дури и кампања на муслимани што се против носењето хиџаб, па тоа не се карактеризира како исламофобија. Потребно е девојчињата да ја имаат слободата да го почувствуваат ветрот во својата коса додека играат со своите другарчиња. Се разбира, со текот на времето и развојот на децата, носењето хиџаб или кое било друго религиско правило, обичај или начин ќе биде избор на индивидуата и на нејзините верувања.

Текст на „Independent“
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот