Откако Џон Сноу беше убиен на крајот на изминатата сезона од „Игри на престолот“, повеќе луѓе веруваа дека тој сепак ќе се врати на еден начин или друг. Во серијата сме гледале враќање на луѓе од мртвите, поради што сакаме да веруваме дека тоа ќе се случи и со Сноу.
Меѓутоа, сега се чини дека има и конкретен доказ дека Кит Харингтон ќе се врати како Џон Сноу во серијата.
Имено,
фанови на серијата гледале снимање на сцена со битка во Сентсфилд, Северна Ирска, која ќе биде дел од 9-та епизода. Засега се знае дека во битката ќе учествуваат многу армии, а на местото на снимањето бил виден и Кит Харингтон - актерот кој ја игра улогата на Џон Сноу.
Фанови, возбудата започнува.