Серијата „Манифест“, чие дејство се врти околу патници и екипаж на авион кој исчезнува, а пет години подоцна повторно се појавува, стана хит откако „Нетфликс“ ги стекна правата.
Серијата првично се емитуваше на Ен-би-си во 2018 година, но беше откажана по три сезони. Во август 2021 година, по само неколку месеци откако Ен-би-си ја откажа серијата, „Нетфликс“ ги презеде правата и објави четврта сезона.
Што се работи во серијата?
- Комерцијален патнички авион одеднаш повторно се појавува, пет години од неговото исчезнување, а патниците мора да се реинтегрираат во општеството - пишува во синопсисот на серијата. По слетувањето во Њујорк, сите патници и членови на екипажот ги пречекуваат владини претставници, кои им кажуваат дека биле исчезнати пет години, па претпоставиле дека се мртви.
Четвртата сезона ги воодушеви обожавателите
Откако се појави на „Нетфликс“, „Манифест“ стана огромен хит и една од најгледаните серии на оваа стриминг-платформа.
Првиот дел од четвртата сезона беше објавен во ноември минатата година, а вториот во јуни годинава, но „Нетфликс“ официјално ја нема објавено петтата сезона, што би требало да значи дека серијата е завршена. Според извештајот на „Варајети“ од 2022 година, почетните епизоди од четвртата сезона имале 57,1 милиони часа гледаност во првите три дена.
Серијата ги воодушеви критичарите
Четвртата сезона на „Манифест“ има импресивни 88 отсто на „Ротен томејтос“, а критичарите го пофалија хитот на „Нетфликс“.
- Верувајте ни, „Манифест“ прави сѐ што е можно во својата последна сезона за да докаже дека вредело да го преживее откажувањето во 2021 година - пишува Никол Галучи од „Дисајдер“.
Извор:
Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube