Генијалниот ум позади „Game of thrones“, една од најуспешните серии во историјата на телевизијата, Џорџ Р.Р. Мартин, објави дека HBO ги купи правата за неговиот роман од 1989 година „Skin trade“. Иако романот нема бели шетачи и змејови, сепак има врколаци.
Приказната која оригинално беше дел од антологија во која беа вклучени приказни од хорор мајсторите како Стивен Кинг и Ден Симонс, раскажува за Ренди Вејд која е приватен детектив, и нејзината пријателка Вили Флембокс која е врколак. Кога започнуваат да се појавуваат осакатени и одерени тела, Вејд е назначена на случајот.
Калинда Васкез која стои позади проекти како „Prison break“ и „Once upon a time“ e избрана да ја напише пилот епизодата.
Џорџ Мартин вели дека би сакал да ја напиши пилот епизодата за серијата меѓутоа, на шега вели дека е презафатен овие денови. „Имам книга која треба да ја завршам. Знаете за која книга станува збор“. Ова беше доволно да ги шокира фановите на „Game of thrones“ и да ги остави во двоумица дали серијата ќе добие уште една сезона.