X
 18.09.2015 Наука

Нерешена мистерија стара 10.000 години

Во 1986 година, Кихачиро Аратаке се нурнал во близина на брегот на јапонскиот остров Јонагуни. Ова нуркање ќе остане запомнето и од страна на цела Јапонија, не само од него.


На шест метри под површината се наоѓале монолити кои Аратаке ги опишал како „тераси на планина“. Големите форми имале совршени агли од 90 степени, прави ѕидови и колони. До денес, не е познато кој ги изградил овие структури.


Но, постојат повеќе претпоставки, меѓу кои и онаа дека во регионот пред околу 10.000 години се наоѓал јапонски Атлантис кој потонал во водата, а она што го гледаме е остаток од оваа цивилизација. Експертите се речиси сигурни дека она што се наоѓа под морето е остаток од град кој потонал поради земјотрес.


Некои, пак, сметаат дека ова се природно формирани структури и во никој случај не биле изградени од човекот. Имено, со оваа теорија се тврди дека се работи за природна структура која била променета од луѓето во древни времиња.

Дали некогаш ќе знаеме за сигурно?



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука