X
 14.05.2024 Култура

Избришана сцена од „Сопранови“ ја открива најголемата мистерија во серијата: Каде е Русинот?

Култната серија „Сопранови“ првично имаше сцена која би можела да разјасни една од од најголемите мистерии на овој проект.

Покрај Џејмс Гандолфини и Иди Фалко, еден од нив беше и покојниот Тони Сирико, чиј лик Поли стана миленик на обожавателите во текот на шесте сезони од серијата.

Поли беше во центарот на многу од најсмешните моменти во серијата, а неговиот најдобар момент секако е оној од познатата 11. епизода од 3. сезона, „Пајн Баренс“. Ова е првата од четирите епизоди во режија на Стив Бушеми.

„Пајн Баренс“ и понатаму се смета за најдобра епизода од „Сопранови“. Започнува како и секоја друга, но полека се разоткриваат луди ситуации во кои доминираат Кристофер Молтисанти и Поли Голтиери откако зделката со Русинот Валериј ќе тргне наопаку.

Тие се губат во огромна рурална шума која се протега низ повеќе од седум окрузи, откако Валериј ќе избега. И покрај тоа што половина од епизодата се во потрага по него, тие никогаш не го пронајдоа. Мистеријата околу Валериј доведе до многу теории на обожавателите во последните две децении.

Писателот и сценарист Теренс Винтер во една пригода рече дека прашањето „Каде е Русинот?“ му било поставувано повеќе од кое било друго.

Било планирано да се расчисти ова со тоа што Русинот требало да се појави во шестата сезона додека на серијата ѝ се приближувал крајот.

Сирико за „Њујорк тајмс“ еднаш откри дека Кристофер и Поли го сретнале Валериј пред бар и се обиделе да го застрелаат, но авторот Дејвид Чејс ја отстранил сцената.

- Мислам дека на Дејвид не му се допадна. Сакаше публиката да страда - откри Сирико во едно интервју, а Чејс ја откри тајната што требаше да се случи.

- Некои извидници пронајдоа Русин кој во џебот имал телефонски број од својот шеф Славе. Го повикале Славе, кој го однел во болница каде што му била извршена операција на мозокот. Тогаш Славе го вратил во Русија.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура