X
 20.03.2018 Живот

Вистината за Шумахер

1
Фото: AFP

Возачите на Формула 1 се подготвуваат за отворањето на сезоната Гран при во Австралија, а состојбата на Шумахер продолжува да биде мистерија.

Останува големата почит кон седумкратниот шампион на Формула 1, кој повеќе од четири години е во кома, по фаталната несреќа при која го повреди мозокот. Неговото семејство до ден-денес нема излезено со официјална изјава за тоа што се случува со Михаел.

И додека неговото семејство ја штити неговата приватност, репутацијата на Шумахер сè уште е на високо ниво, а фановите од сите возрасти и понатаму го обожаваат.

„Она што може да се каже е дека семејството ја цени емпатијата на навивачите. Луѓето навистина сфаќаат дека семејството не сака да ја сподели неговата здравствена состојба“.

На 18 март 2012 година ја започнал неговата последна сезона во Формула 1 во Мелбурн. Во последната трка Шумахер заврши на седмото место зад Себастијан Фетел. Една година подоцна Шумахер се бореше за својот живот.

2
Фото: АР

На 29 декември 2013 година, додека скијал со својот син Мик на француските Алпи во Мерибел, Шумахер паднал на камен и ја повредил десната страна на главата. Лекарите работеле за да ги отстранат крвните згрутчувања од неговиот мозок, но дел од нив останале, бидејќи се наоѓале многу длабоко. Неговата состојба се стабилизирала откако бил ставен во вештачки предизвикана кома, од која подоцна бил извлечен.

Шпекулациите велат дека неговото семејство потрошило над 23 милиони евра за негово закрепнување.

„Здравјето на Мајкл не е јавно прашање, така што нема да даваме коментари во тој поглед“, изјави Саби Кем, менаџерот на Шумахер. Оваа изјава беше дадена пред 16 месеци.

Здравјето на Шумахер останува мистерија, но неговото наследство засекогаш ќе остане непобитна вистина. На Ф1-патеката близу Барселона овој месец беше поставено црвено знаме на трибината на кое пишуваше „Мајкл засекогаш“.

3
Фото: АР

Шумахер ја заврши кариерата во Ф1 во 2006 година, откако заврши на второ место. Кога го најави своето враќање во 2010 година, тој го замени црвеното „ферари“ со блескаво сребрен „мерцедес“.

„Тој беше репер за физички и ментален пристап“, изјави 33-годишниот полски возач Роберт Кубица.

„Се сеќавам на публиката во Италија, имаше 12 милиони. Шумахер беше доста популарен низ цела Италија“, изјави италијанскиот спортски новинар Стефано Манчини. Дури и тогаш не било лесно да се стигне до Шумахер. Манчини се сеќава на Шумахер како на некој што сакал да ја заштити својата приватност - срамежлива и воздржана личност.

„Се сеќавам дека во 2001 година бев на патеката со него и помислив колку кул беше сето тоа“, вели Хамилтон. Пет години подоцна, Хамилтон веќе влезе во светот на Формула 1. „Во 2006 година, за време на тест-трката, Шумахер беше пред мене. Се сеќавам, си реков: ’Боже, учествувам во Формула 1, со Михаел Шумахер‘“, додава Хамилтон.

Инспирација за новата генерација


Пред две години „Ферари“ потпиша со 20-годишниот Чарлс Леклерк за својата престижна академија за возачи. Штом се појавил таму, Леклерк веднаш го почувствувал огромното влијание на Шумахер.

„Беше тешко, меѓутоа, добивме вистинска волја за учење. Тој никогаш не се откажал. Не го познавав лично, но многу луѓе од академијата го кажуваат тоа“, вели Леклерк.

4
Фото: News Corp Australia

Почит за возврат

Семејството на Шумахер ја цени поддршката од фановите. Од 16 јуни досега, приватната колекција на Шумахер, која вклучува автомобили, шлемови и други предмети од неговите Ф1-денови, ќе биде прикажена на стариот аеродром во германскиот град Келн.

„Ова е еден вид изразување благодарност до фановите, за да се прослави Михаел, а и неговата кариера“, вели Кем.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот