Во вторник во утринските часови ќе има услови за појава на магла, а исто така во јужните и југоисточните предели ќе постојат услови за локални врнежи од дожд кои претпладне ќе престанат. Па во текот на денот ќе преобладува умерено облачно време со сончеви периоди, ветровито и потопло. Ќе дува доумерен југоисточен ветер, додека во југозападните предели ќе дува доумерен источен и југоисточен ветер.
Утринските температури од 8 до 18 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 18 односно до 27 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје во вторник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. утринската температура од 16 степени, а максималната дневна ќе достигне до 26 степени.
МАКЕДОНИЈА 3 ДЕНА - Во Македонија во среда претежно сончево со локална облачност и потопло. Во попладневните часови во западните и источните предели нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Максималните температури од 21 до 29 степени.
Во четврток умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Максималните температури ќе се движат од 21 до 29 степени. Во петок ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и посвежо со пад на дневните температури кои ќе се движат во интервал од 17 до 25 степени.
Weather4all.com.mk