Денес е четврток, 1 декември 2016 година, 336-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:36, а ќе зајде во 16:08 часот. Денот ќе трае 9 часа
и 32 минути.
Ако денот се познава по утрото, денеска не очекува еден зимски ден.
Умерено облачно и многу студено утро имаме денеска во Македонија, тоа
можеме да го видиме и од сателитската слика која што е направена во 06
часот.
МАКЕДОНИЈА – Првиот ден од декември го означува и почетокот на
климатолошката или метеоролошката зима, а тоа го потвртдуваат и
утринските температури кои ги имаме ова утро и многу ретко се случува
вакви температури да имаме во календарската зима во последните неколку
години. Во утринските часови појава на мраз и услови за појава на
голомразица со утрински температури од -16 до -3 степени. Во текот на
денот не очекува умерено облачно време со сончеви периоди, ветровито и
студено и покрај порастот на дневните температури кои ќе се движат во
интервал од -1 до 8 степени, тие ќе бидат под просекот за овој период од
годината.. Во текот на денот ќе дува доумерен северен и северозападен
ветер.
СКОПЈЕ – Во Скопје умерено облачно време со повремени сончеви периоди,
ветровито и студено време. Утринската температура од -7 степени, а
максималната дневна ќе достигне до 5 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Зимските утра, ќе продолжат и во наредните денови.
Во петок утрински температури од -10 до -1, во текот на денот претежно
сончево со дневни температури од 3 до 11 степени. Во деновите од
викендот односно во сабота и недела умерено облачно време со сончеви
периоди, со напомена дека во недела во попладневните и вечерните часови
во западните и југозападните предели со услови за локални врнежи од дожд
и снег над 800 метри. Во сабота максималните температури од 4 до 12, а
во недела ќе бидат во опаѓање и ќе достигнат до 2 односно до 10 степени.
Во понеделник повторно ледено утро со опаѓање на температурите,
утринските од -9 до -1, а во текот на денот претежно сончево и дневни
температури од -1 до 7 степени.
Weather4all.com.mk