Во четврток во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно со услови за повремени сончеви периоди, а во западните предели ќе биде претежно облачно. Околу пладне од запад продор на влажна воздушна маса која прво ќе услови врнежи од дожд во западните предели, а во попладневните часови ќе се прошират и во останатите предели. Во западните предели врнежите ќе бидат поинтензини и локално се очекуват да наврнат до 25 литри дожд. На планините над 1200 метри со врнежи од снег. Ќе дува умерен југоисточен и југозападен ветер кој ќе достигне брзина до 30 км/ч. Минималните температури од 0 до 9 степени, а максималните од 4 до 15 степени.
Во Скопје во четврток претпладне ќе бниде умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 5 степени, а максималната дневна до 10 степени.
Под влијание на циклонска циркулација и во петок се очекува нестабилно време со врнежи од дожд, кои во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се интензивираат и локално да наврнат и до 40 литри дожд особено во југозападните и источните предели. Во сабота наутро и претпладне врнежите ќе престанат и следува умерено облачно време со сончеви периоди и температури од 8 до 18 степени. Во недела и понеделник се очекува умерено облачно време со сончеви периоди и надпросечни температури за овој период од годината кои ќе се движат од 9 до 19 степени.
Weather4all.com.mk