11 институции од целиот свет соработувале за да го создадат таканареченото „дрво на животот“, кое се состои од приближно 2,3 милиони видови животни, растенија, габи и микроби.
Дрвото ги претставува врските помеѓу живите суштества како што се развивале со текот на времето, одејќи назад повеќе од 3,5 милијарди години.
- Ова е првиот вистински обид да се поврзат точките и сè да се спои во едно - изјави главниот истражувач Керен Кренсон од универзитетот „Дјук“.
Истражувачите го создале дрвото спојувајќи илјадници делови кои веќе биле објавени он-лајн. Конечниот резултат ги има сите досега именувани видови живот на Земјата.
Моменталната верзија од дрвото, заедно со сите податоци и кодот, се достапни за прелистување и преземање
ОВДЕ.